Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Десет реставрирани филмови со Чарли Чаплин во Кинотеката во март

Во 11 термини кон крајот на март во Кинотеката ќе бидат прикажани десет реставрирани филмови со Чарли Чаплин на ДЦП-формат, како и четири кратки играни филмови на 35 мм од архивската збирка на Кинотеката.

Скопје, 27 февруари 2020 (МИА) – Во 11 термини кон крајот на март во Кинотеката ќе бидат прикажани десет реставрирани филмови со Чарли Чаплин на ДЦП-формат, како и четири кратки играни филмови на 35 мм од архивската збирка на Кинотеката.

-Легендарниот Чарли Чаплин пред 100 години почнал да ги снима неговите ремек-дела, со кои не само што почнува златниот период на немиот период на Холивуд, туку и на американската и светската кинематографија, соопшти Кинотеката.

Кинотеката во март ќе промовира ДВД-издание на пет дигитално реставрирани македонски играни филмови снимени во изминатите четири децении: „Македонскиот дел од пеколот“ во режија на Ватрослав Мимица, „Три Ани“ на Бранко Бауер, „Жед“ на Димитрие Османли, „Татко (Колнати сме, Ирина) на Коле Ангеловски и „Хај-фај“ на режисерот Владимир Блажевски.

Во рамки на Вечерите на женски права по повод 8 Март, во Кинотеката ќе бидат прикажани два филма кои ја преиспитуваат денешната положба на жената: „Куќа на малата ѕвезда“ – документарен филм на хрватската режисерка Слаѓана Лучиќ, и „Отворена врата“ – игран филм во режија на Флоренц Папас.

Кинотеката во март ќе организира и Денови на турски филм, а  низ целата месечна програма ќе има и филмски наслови од поновата европска и светска кинематографија. хс/са/

Back to top button
Close
Close