0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Десет приведени за полициски час, девет од нив и за нарушен јавен ред и мир

Девет лица ќе добијат пријави за нарушување на јавен ред и мир како и за прекршување на полицискиот час откако биле затекнати на јавен простор вчера во 22 и 30 часот, соопшти денес СВР Тетово. За непочитување на ограниченото движење уште едно лице е приведено на друго место.

Тетово, 25 мај 2020 (МИА) – Девет лица ќе добијат пријави за нарушување на јавен ред и мир како и за прекршување на полицискиот час откако биле затекнати на јавен простор вчера во 22 и 30 часот, соопшти денес СВР Тетово. За непочитување на ограниченото движење уште едно лице е приведено на друго место.

Лицата кои биле лишени од слобода за непочитување на полицискиот час се соочуваат со пријава за  „непостапување според прописите за време на епидемија“ според член 206 од Кривичен законик, потсетуваат од тетовската полиција.

На подрачјето на СВР Тетово досега има евидентирано вкупно 282 предупредување за неносење заштитни маски за лице како и 122 барање за прекршони постапка од полицијата до судот. ас/ев/

Back to top button
Close
Close