Дописници МКДОпштински вести

Дератизација на канализациските шахти во општина Кочани

Општина Кочани од денеска ја почна пролетната акција за дератизација на канализациската мрежа за што набави 250 килограми кумарински препарат за труење на глодарите.

Кочани, 30 април 2019 (МИА) – Општина Кочани од денеска ја почна пролетната акција за дератизација на канализациската мрежа за што набави 250 килограми кумарински препарат за труење на глодарите.

Акцијата е превентивна и се спроведува двапати годишно во рамки на програмата за заштита на населението од заразни болести, во која е вклучено и редовното прскање против комарците. Планирано е да се третираат околу 1.300 шахти во градот и во дел од населените места, а за набавка на препаратот од општинскиот буџет се издвоени 300 илјади денари.

– Вториот дел од акцијата за дератизација се спроведува токму во овој период од годината со оглед што во тек е сеидбата на оризот и има зголемена влажност, па вообичаено се регистрира зголемено присуство на глодари во населените места. Екипи од Центарот за јавно здравје, со поддршка на технички персонал од комуналното претпријатие “Водовод“ ги поставуваат кумаринските мамци во канализациските шахти во Кочани и во селата Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Тркање, Прибачево и Оризари. Дел од мамците се распоредуваат и на градската депонија, каде исто така е регистрирана појава на глодари и други преносители на заразни болести, истакнаа од Oдделението за јавни дејности на Општина Кочани

Слична акција веќе се спроведе кон крајот на минатата година, по завршувањето на жетвата на оризот и на другите земјоделски активности.

Од Центарот за јавно здравје во Кочани информираа дека согласно превентивните мерки против КОВИД-19, лицата кои се ангажирани во дератизацијата носат соодветна заштитна опрема. Kумаринските мамци се специфично обоени парафинирани блокови и се лесно воочливи, заради што упатија апел до граѓаните доколку ги забележат да не ги допираат. та/ир

Back to top button
Close
Close