0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Депонентите во Еуростандард банка ќе се обесштетуваат преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка

Преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка ќе се обесштетуваат депонентите - физички лица (резиденти и нерезиденти) во Еуростандард банка, соопшти денеска Фондот за осигурување депозити.

Скопје, 18 август 2020 (МИА) – Преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка ќе се обесштетуваат депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) во Еуростандард банка, соопшти денеска Фондот за осигурување депозити.

Според Фондот, целта на ваквата одлука, преку четири банки да се врши исплатата, е да се избегнат масовни собири.

– Веднаш по добивањето на Конечниот список за депозитите на физичките лица кои се предмет на обесштетување, од стечајниот управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, Фондот за осигурување на депозити ќе ги распредели депонентите по банките – исплатувачи и ќе ги извести во која банка – исплатувач ќе бидат распределени за подигнување на исплатата на обесштетувањето на нивните осигурени депозити. Фондот навремено ќе ги извести депонентите и јавноста за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи. Се прават максимални напори исплатата да почне што поскоро, наведува Фонд за осигурување депозити. мч/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close