0_Спорт.ПорталКошаркаРезултати

Денвер ја забележа шестата последователна победа

Кошаркарите на Денвер нагетс го совладаа тимот на Вашингтон визардс со 117:104 (25:23, 39:24, 22:22, 31:35) во еден од двата НБА натпревара одиграни ноќта меѓу вторник и среда. За Денвер ова беше шеста победа во низа.

Денвер, 27 ноември 2019 (МИА) – Кошаркарите на Денвер нагетс  го совладаа тимот на Вашингтон визардс со 117:104 (25:23, 39:24, 22:22, 31:35) во еден од двата НБА натпревара одиграни ноќта меѓу вторник и среда. За Денвер ова беше шеста победа во низа.

На другиот дуел Лос Анџелес клиперс беше поуспешен од Далас со 114:99.

За Денвер и за ЛА клиперс ова беа победи број 13 од почетокот на сезоната по што ги заземаат второто, односно третото место во пласманот од Западната конференција. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close