0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Денот за сеќавање на Холокаустот врз Ромите одбележан во Градскиот парк во Скопје

Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите, денеска организираше настан во Градскиот Парк во Скопје, со којшто го одбележа 2 август – Ден за сеќавање на Холокаустот на Ромите. Преку изложби, фотографии и презентации на факти и сведоштва и прикажување на канадскиот документарен филм „Неброен народ: Нераскажаната приказна за Ромите“, посетителите имаа можност да се информираат за прогонот и истребувањето на Ромите во Европа.

Back to top button
Close
Close