Дописници МКДОпштински вести

Денот на пожарникарите одбележан со чистење и уредување на трим патеката над Струмица

Пожарникарите од Територијалната против пожарна единица на Струмица го одбележаа Денот на пожарникарите со чистење и уредување на трим патеката, која води до манастирот „Свети Илија“ над Струмица.

Струмица, 20 мај 2020 (МИА) – Пожарникарите од Територијалната против пожарна единица на Струмица го одбележаа Денот на пожарникарите со чистење и уредување на трим патеката, која води до манастирот „Свети Илија“ над Струмица.

-Денот на пожарникарите годинава го обележуваме на поинаков начин поради состојбата со пандемијата. Патеката ја исчистивме од трева и гранки над неа, а оградите на трите мостови ги бојадисавме и уредивме. При тоа беше извлечен, подигнат и повторно поставен и четвртиот мост, кој беше однесен и делумно оштетен од поплавата во 2010 година. Тоа го правиме со единствена цел да им овозможиме уште подобри услови на нашите сограѓани за користење на омиленото место за рекреирање и спортување, рече Александар Гудев, командир на ТППЕ Струмица.

Тој информираше дека од почетокот на годината до денес пожарникарите забележале 204 интервенции од секаков карактер.

По повод Денот на пожарникарите им беа доставени благодарници на поединци и организации за успешна соработка во изминатиот период. рт/ир

Таг
Back to top button
Close
Close