Дописници МКДОпштински вести

Денот на планетата Земја одбележан со возење велосипеди во Тетово

Универзитетот во Тетово заедно со американската амбасада и Aмериканското катче во Тетово го одбележаа Денот на планетата Земја. Оваа активност беше обележана со возење велосипеди во градот почнувајќи од Американското катче во Тетово, до паркот на универзитетот.

Тетово, 22 април 2021 (МИА) Универзитетот во Тетово заедно со американската амбасада и Aмериканското катче во Тетово го одбележаа Денот на планетата Земја. Оваа активност беше обележана со возење велосипеди во градот почнувајќи од Американското катче во Тетово, до паркот на универзитетот.

На настанот присуствуваше амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Мари Брнз, ректор на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, координатор на американското катче во Тетово, Гзим Сулејмани, претседател на студентскиот парламент, Елиеса Жаку како и студенти и членови на американското катче.

Целта на одбележувањето на овој ден беше да се подигне свеста кај населението на Денот на планетата Земја, како и да се дадат пораки за создавање на подобра животна средина и нејзина заштита. -Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција Кејт Мари Брнз и ректорот на Универзитетот во Тетово проф. д-р Вулнет Амети, на бело платно ги напиша своите пораки во чест на Денот на планетата Земја повикувајќи на зачувување на животната средина, информираат од Универзитетот во Тетово.

Идејата за Денот на планетата Земја беше дадена од американскиот сенатор Гејлорд Нелсон во 1970 година за да се подигне свеста на националната заедница за поддршка на грижата и заштитата на животната средина.ас/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close