0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Денеска и утре ќе се разговара за начинот на преминување на граничните премини

Можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен ПСР тест и самоизолација ќе биде тема на разговорот со Комисијата за заразни болести и денеска и утре, по што ќе се донесе соодветна одлука.

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Можноста за целосно отворање на границите без сегашните услови, односно задолжителен ПСР тест и самоизолација ќе биде тема на разговорот со Комисијата за заразни болести и денеска и утре, по што ќе се донесе соодветна одлука.

Ова го посочи денеска министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање кога граѓаните кај нас ќе можат слободно и без услови да патуваат во соседните земји и дали е планиран евентуален реципроцитет во однос на тие држави.

– Нашата анализа, но и онаа на бројот на случаи и состојбата во земјите во регионот и информациите кои се добиени од комуникацијата со министрите за здравство укажува дека целиот регион е во услови на ист епидемиолошки ризик. Ова беше тема на разговор на состанокот на Комисијата за заразни болести, а ќе продолжи и денеска и утре, по што ќе донесеме соодветна одлука. И денеска ќе разговараме со колегите од министерствата за здравство на соседите за да ни укажат на најновите созјанија, бројот на случаите, ситуацијата, начинот на трансмисијата. Сепак сметам дека за ова прашање треба да имеме регионален пристап, рече Филипче. ац/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close