0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници СветПолитика

Дендиас: Поддршка за ЕУ-перспективата на Северна Македонија и Албанија

Ја зајакнуваме нашата улога во нашето соседство, на Балканот, со акцентот на напорите за интегративна перспектива на Западен Балкан, под условеноста што секако, сите многу добро ја знаете, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, за време на настан во грчкото МНР за сечење новогодишна пита со паричка, грчата традиционална „василопита”, дописничката на МИА од Атина.

Атина, 7 февруари 2020 (МИА) – Ја зајакнуваме нашата улога во нашето соседство, на Балканот, со акцентот на напорите за интегративна перспектива на Западен Балкан, под условеноста што секако, сите многу добро ја знаете, рече министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, за време на настан во грчкото МНР за сечење новогодишна пита со паричка, грчата традиционална „василопита”, дописничката на МИА од Атина.

Во кусото поздравно обраќање пред вработените во министерството и новинарите, Дендиас се осврна на грчката надворешна политика и предизвиците и, како што рече, зејата е повикана да ја изврши должноста, „бранејќи ги националните интереси со патриотизам и трезвеност”. Во овој контекст шефот на грчката дипломатија го спомена и Западен Балкан, но и зајакнувањето на односите со земјите од ЕУ, со САД, Русија, Кина, како и со арапските земји.

Европската перспектива на регионот, министерот за надворешни работи на Грција, кусо ја спомена и во синоќешното интервју за државната телевизија ЕРТ. Рече дека имаат јасен план во надворешната политика, а за интеграцискиот процес на Западен Балкан потребно е исполнување на условите, односно „за Албанија, правата на грчкото малцинство, а за Северна Македонија, она што го предвидува договорот” (од Преспа).

Во однос на француското вето за нашата земја, Дендиас рече дека на таа тема разговарале со официјален Париз.

-Кирјакос Мицотакис за тоа разговараше со претседтаелот Макрон, јас имам разговарано со господинот Ле Дриан. Имаме многу добри односи со Франција. Мислам дека веќе е лесно да чекориме заедно со Французите во прашањата за Балканот, кои го почитуваат искуството што го имаме за оваа тема, рече шефот на грчата диплоатија за ЕРТ.

Дендиас ја спомена и претстојната конференција за Западен Балкан што Грција ќе ја организира во Солун на 24 февруари. ср/хс/

Back to top button
Close
Close