0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderОпштествоХроникаХроника.Портал

Ден Дончев бил на распит во ПС Карпош, по разговорот си заминал

Поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев денеска бил повикан во Полициската станица Карпош и по извршениот разговор си заминал, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев денеска бил повикан во Полициската станица Карпош и по извршениот разговор си заминал, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

– Д.Д. беше поканет со покана за разговор во ПС Карпош и уредно се пријави сам. По извршениот разговор, си замина, неведуваат од МВР.

Тој бил повикан да даде изјава во однос на снимките кои пред неколку дена беа објавени на Јутуб и на кои се гледа како добива пари.

Снимките беа објавени на новоотворен Јутјуб канал заедно со уште други три аудио записи. мс/са/

 

Back to top button
Close
Close