БалканБалкан.Портал

Демонстрантите во Нови САД кусо блокираа полициска станица

Околу 19.30 часот, по протестната прошетка низ улиците на Нови Сад, граѓаните околу половина час ја блокираа полициската станица „Стари град“ во улицата Радничка.

Нови Сад, 11 јули 2020 (МИА) – Околу 19.30 часот, по протестната прошетка низ улиците на Нови Сад, граѓаните околу половина час ја блокираа полициската станица „Стари град“ во улицата Радничка.

При тоа демонстрантите симболично побараа од министерот за полиција, Небојша Стефановиќ да ги уапси.

За време на протестот, тие оставија три садови со храна за кучиња пред вратата на полициската станица и викнаа „кучиња, кучиња“. Некои граѓани оставија и пари.

После само 15 минути на капијата на полициската станица се појави група полицајци, целосно опремени за разбивање демонстрации, по кои граѓаните извикуваа „Слуги на режимот“, „Ние ве плаќаме“, „Фрлете ги штитовите“ …

Според српските медиуми, собирот засега е мирен. Демонстрантите во моментов го блокирале Варадинскиот мост.

Покрај Белград и Нови Сад, протести вечерва има и во Зрењанин, Чачак, Крушевац, Ниш и Крагуевац. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close