СветСвет.Портал

Демонстранти во Мали ги опустошија просториите на партијата на претседателот

Демонстрантите во Мали опустошија објект кој и припаѓа на политичката партија на претседателот Ибрахим Бубакар Кеита, иако тој исполни едно од нивните главни барања и го распушти Уставниот суд.

Бамако, 13 јули 2020 (МИА) – Демонстрантите во Мали опустошија објект кој и припаѓа на политичката партија на претседателот Ибрахим Бубакар Кеита, иако тој исполни едно од нивните главни барања и го распушти Уставниот суд.

Според очевидци, немирите се случиле вчера кога луѓето се враќале од погреби на лицата кои загинаа за време на политичките демонстрации во последните денови.

Според властите, 11 лица загинале во насилните демонстрации во петокот и саботата.

Само неколку часа пред инцидентот, претседателот на Мали, Кеита во телевизиско обраќање рече дека го распуштил Уставниот суд, како што бараше опозициското движење и изрази подготвеност да размисли за повторно организирање на спорните парламентарни избори. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close