Svet.SlajderСветСвет.Портал

Демонстранти ја урнаа статуата на Алберт Пајк во Вашингтон

За време на вчерашните протетси во САД, на одбележувањето на Денот на еманципација, демонстрантите во Вашингтон ја демолираа и запалија статуа на Алберт Пајк, американски поет, адвокат, истакнат член на масонската ложа и висок офицер на војската на Конфедерацијата за време на американската граѓанска војна.

Вашингтон, 20 јуни 2020 (МИА) – За време на вчерашните протетси во САД, на одбележувањето на Денот на еманципација, демонстрантите во Вашингтон ја демолираа и запалија статуа на Алберт Пајк, американски поет, адвокат, истакнат член на масонската ложа и висок офицер на војската на Конфедерацијата за време на американската граѓанска војна.

Статуата беше завиткана во синџири, урната и запалена, а налутените демонстранти извикуваа „нема правда, нема мир“ и „не сакаме расистичка полиција“.

На својот профил на Твитер, американскиот претседател Доналд Трамп побара отстранување од функцијата на градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Бузер и ја обвини полицијата дека „не ја извршува својата работа“.

Снимките и фотографиите што беа споделени преку социјалните мрежи покажуваат дека полицијата цело време била присутна на самото место, но не интервенирала. ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close