0_Македонија.ПорталОригинални текстовиПолитички партии

Демократски сојуз: Потребен е силен синдикат

Скопје, 1 мај 2020

Скопје, 1 мај 2020

Демократскиот сојуз се залага за силен синдикат кој што ќе ги штити правата на работниците и ќе биде партнер за преговори со работодавците и Владата.

Честитајки го 1-ви мај, Денот на работниците и солидарноста, ги повикуваме сите работници и нивните асоцијации да се здружат и да покажат солидарност и со конкретни активности да ги афирмираат и штитат рабтничките права, пред се поврзани со личниот дохот, условите за работа и заминување во пензија.

Само обединети и ослободени од партиските влијанија, работниците преку синдикалното дејствување, можат да влијаат при носењето на решенија кои се во функција на заштита на нивните права.

Во овој тежок период низ кој поминува светот, цената мора сите заедно и солидарно да ја понесеме.

Честит 1-ви Мај, Денот на работниците и солидарноста.

Демократски сојуз

___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close