Политички партии

Демократски сојуз: Партиите да престанат да шират говор на омраза на социјалните мрежи

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Министерството за внатрешни работи да ги испита заканите против новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и одлуката на директорката на Централниот регистер да му врачи отказ на заканувачот Емил Јакимовски.

Скопје, 13 јануари 2020 

Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Министерството за внатрешни работи да ги испита заканите против новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска, како и одлуката на директорката на Централниот регистер да му врачи отказ на заканувачот Емил Јакимовски. Го повикуваме обвинителството веднаш да отвори предмет за овој случај, како и за сите други случаи на закана за физичко насилство, говор на омраза, дискриминација против новинарите.

Демократскиот сојуз ги повикува партиите од власта и опозицијата, пред се СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да престанат преку своите платени ботови да ги контаминираат социјалните мрежи со ширење лаги, партиска пропаганда и говор на омраза против политичките противници и критичките новинари и медиуми.

Улогата на медиумите во предизборието е од исклучителна важност за демократски и фер изборен натпревар. Новинарите треба да информираат слободно и самостојно без закани од политички и какви било други притисоци од моќници. Говорот на омраза на социјалните мрежи мора да биде соодветно санкциониран.

Демократски сојуз

___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close