Политички партии

Демократски сојуз: МВР да ги открие напаѓачите на Палевски

Демократскиот сојуз го осудува бруталното насилство врз Љупчо Палевски, бизнисмен и претседател на Движењето "Трета". Ги повикуваме службите за безбедност и МВР брзо да ги откријат сторителите и нарачателите на ова кривично дело и да ги изведат пред лицето на правдата.

Скопје, 18 септември 2020

Демократскиот сојуз го осудува бруталното насилство врз Љупчо Палевски, бизнисмен и претседател на Движењето “Трета”. Ги повикуваме службите за безбедност и МВР брзо да ги откријат сторителите и нарачателите на ова кривично дело и да ги изведат пред лицето на правдата.

Безбедноста на граѓаните и на учесниците во јавниот и политичкиот живот е од највисок приоритет во едно демократско општество, а државата мора да испрати порака дека насилството не смее да се толерира и да остане неказнето.

На Палевски му посакуваме брзо оздравување и враќање на секојдневните обврски.

Демократски сојуз

_________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close