Svet.SlajderСветСвет.Портал

Демократите во Конгресот на САД клекнаа на колено во знак на почит кон Џорџ Флојд

Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија денеска, пред да го претстават предлогот за полициска реформа, му одадоа почит со минута молчење и потоа 8,46 минути клечеа на колена, симболиизрајќи ја борбата против полициската бруталност и насилство за убиството на Џорџ Флојд , но и други Афроамериканци, кои „неправедно ги загубија своите животи“.

Вашингтон, 8 јуни 2020 (МИА) – Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија денеска, пред да го претстават предлогот за полициска реформа, му одадоа почит со минута молчење и потоа 8,46 минути клечеа на колено, симболиизрајќи ја борбата против полициската бруталност и насилство за убиството на Џорџ Флојд , но и други Афроамериканци, кои „неправедно ги загубија своите животи“.

Претседателката на Претставничкиот дом, Нанси Пелоси, и шефот на Демократското малцинство во Сенатот, како и дваесетина други членови на Конгресот, меѓу кои и неколкумина црни претставници, се собраа во Холот за еманципација, наречен во чест на робовите кои работеле на изградбата на зградата на Конгресот во Вашингтон во 18-от век, јавуваат светските агенции.

Осум минути и 46 секунди е времето кое белиот полицаец го притискал коленото врз вратот на Џорџ Флојд, додека го приведувал,  на 25 мај, се додека не го задуши.

Настанот предизвика историски бран од бес во САД, а се прошири и низ другите земји во светот.

Протест со клекнување на колено поради полициска бруталност и расизам почна во август 2016 година, кога некои американски спортисти клекнуваа за време на интонацијата на американската национална химна пред почетокот на натпреварите. сд/

Back to top button
Close
Close