Svet.SlajderСветСвет.Портал

Демократите се против реформата на полицијата предложена од републиканците

Демократите во американскиот Сенат се против гласање за Законот за полициска реформа, предложен од републиканците,  планирано за неделава. Критичарите велат дека законот не оди доволно далеку во решавањето на расните разлики во американската полициска пракса.

Вашингтон, 23 јуни 2020 (МИА) – Демократите во американскиот Сенат се против гласање за Законот за полициска реформа, предложен од републиканците,  планирано за неделава. Критичарите велат дека законот не оди доволно далеку во решавањето на расните разлики во американската полициска пракса.

„Ставањето на гласање на законот на републиканците е апсолутно несоодветен одговор и ние ве повикуваме на гласање да ставите закон што има смисла“, се вели во писмото потпишано од сенаторите Чак Шумер, Кори Букер и Камала Харис.

Речиси еден месец по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд,  жртва на полициската бруталност,  републиканците и демократите во Конгресот предлагаат посебни законски решенија за запирање на незаконското и прекумерно дејствување на полицијата.

Ниту еден од двата предлога, меѓутоа, нема доволно поддршка за да биде одобрен од двата дома и потпишан од американскиот претседател Доналд Трамп. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close