0_Магазин.ПорталЗанимливости

Демократите бараат и промена на името на аеродромот „Џон Вејн“ во Округот Оринџ

Челниците на Демократската партија во Округот Оринџ во американската сојузна држава Калифорнија бараат - тамошниот аеродром што го носи името на познатиот глумец Џон Вејн, да се преименува и, да се отстрани неговата статуа и сè друго што „потсеќа на него и неговите расистички ставови“.

Лос Анџелес, 29 јуни 2020 (МИА) – Челниците на Демократската партија во Округот Оринџ во американската сојузна држава Калифорнија бараат тамошниот аеродром што го носи името на познатиот глумец Џон Вејн, да се преименува и, да се отстрани неговата статуа и сѐ друго што „потсетува на него и неговите расистички ставови“.

Како што пренесува „Лос Анџелес тајмс“, демократите усвоиле итна резолуција во која се осудуваат „расистичките и нетолерантни изјави“ на Вејн од интервјуто од 1971 година.

Демократите бараат да се врати старото име – Аеродром на Округот Оринџ.

– Имаше напори да го сториме тоа и порано, а сега го ставаме нашето име како поддршка за да се осигураме дека името ќе биде променето, рече претседателката на Демократската партија за Округот Оринџ – Ада Брисено.

Овој потег е дел од широкото масовно движење за отстранување статуи и други облици на величење на „белите“ шовинисти.

Во интервјуто за „Плејбој“ пред 50 години, Вејн изрече серија изјави што денес можеби би се сметале за навредливи кон Афроамериканците, домородните Американци и ЛГБТ групите.

– Верувам во надмоќта на белата раса сѐ додека црнците не се едуцираат до степен на одговорност. Не верувам во давањето моќ и позиција да владеат и судат неодговорни луѓе, рече Џон Вејн тогаш.

Тој потоа истакна и дека не поддржува ропство, но дека не се чувствува виновен „поради фактот што пред пет или 10 генерации, овие луѓе биле робови“, ниту пак, за потчинувањето на староседелците.

– Мислам дека не погрешивме затоа што им ја земавме оваа голема земја. Таканаречената кражба на земјата, всушност беше само прашање на опстанок. На огромен број на луѓе им требаше нова земја, а Индијанците себично се обидоа да ја задржат само за себеси, нагласи познатиот американски глумец.

Џон Вејн се осврна и на филмовите „Голи во седло“ (Easy Rider) и „Полноќен каубоец“ (Midnight Cowboy), оценувајќи ги како „перверзни“, навредувајќи ги лицата од ЛГБТ-заедницата.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close