Политички партии

ДЕМОКРАТИ: СТОП за обложувалниците, коцкарниците и уништување на младите

Државната видео лотарија на Македонија ќе потроши 6,5 милиони евра народни пари за 1.500 слат машини за коцкање.

Скопје, 18 јануари 2020 

Државната видео лотарија на Македонија ќе потроши 6,5 милиони евра народни пари за 1.500 слат машини за коцкање.

Договор е вклучен на 2 јануари, само еден ден пред формирање на техничката влада, под капата на СДСМ, ДУИ и нивните коалициони приврзоци, помеѓу Државната видео лотарија и компанијата “Евро Гамес Технолоѓи” од Софија, Бугарија.

ДЕМОКРАТИ се против трошење на народните пари за апарати за коцкање и ја осудува ова одлука на поранешната влада како крајно непромислена и штетна за граѓаните.

ДЕМОКРАТИ се’ да се потрошат овие пари за болни лица на кои им е потребна финансиска помош за лекување во странство.

ДЕМОКРАТИ ги обвинуваат СДСМ, ДПМНЕ, ДИУ и нивните коалициони приврзоци кои владееја во последните 28 години и дозволија масовно легализирање и отворање на обложувалници и коцкарници во Македонија. Наместо да се намалат на минимум и да бидат лоцирани што подалеку од училиштата и населбите, тие дозволуваат да се отвораат до училиштата и во населбите.

ДЕМОКРАТИ најостро ја осудуваат ова погубна и штетна политика на омасовување на коцкањето во Македонија од страна на гореспоменатите партии.

ДЕМОКРАТИ ги обвинуваат повеќето од народните пратеници во Собранието (читај ненародни пратеници), кои немаат интерес да се донесе закон со кој би се намалило коцкањето и би се решило овај огромен општествен проблем во Македонија.

ДЕМОКРАТИ се борат да се донесе закон да се намалат обложувалниците – коцкарниците и да бидат лоцирани што подалеку од училиштата и населените места. Со овај закон ќе се заштитат младите од овај порок, кој не само што штета им нанесува на нив, туку и на нивните фамилии и општеството.

ДЕМОКРАТИ ги повикуваат граѓаните да ни се придружат и заеднички да им ставиме крај на овај проблем кој ни ги уништува младите, фамилиите и државата.

12 април е денот кога НАРОДОТ и ДЕМОКРАТИ ќе кажат СТОП на коцкањето и ќе им стави КРАЈ на политичките манипуланти, профитери и криминалци од редовите на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициони приврзоци.

Прес Тим на политичката партија ДЕМОКРАТИ

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close