Политички партии

ДЕМОКРАТИ: Најостро го осудуваме децениското градење на дивоградби и узурпации на брегот на Охридското Езеро

Со децении за жал се градат дивоградби и се узурпира брегот на охридското и струшкото крајбрежја од страна на несовесни граѓани, а што е пожалосно се толерира од страна на политичките манипуланти, профитери и криминалци од редовите на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и и нивните коалициони приврзоци со децении.

Скопје, 17 мај 2020

Со децении за жал се градат дивоградби и се узурпира брегот на охридското и струшкото крајбрежја од страна на несовесни граѓани, а што е пожалосно се толерира од страна на политичките манипуланти, профитери и криминалци од редовите на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и и нивните коалициони приврзоци со децении.

ДЕМОКРАТИ го осудуваат уништувањето на брегот на охридското езеро, Бисерот на Македонија и светот кое не запира и до денес.

Трагедијата е што властите не преземаат ништо да ги отстранат дивоградбите, а уште поголема трагедија е што не го спречуваат градењето на нови дивоградби, со што продолжува уништувањето на Бисерот на Македонија и светот, кој се најдува на листата на Светско Наследство на УНЕСКО.

Не само што ќе го изгубиме статутот на Светско Наследство на УНЕСКО, туку пополека но сигурно се уништува брегот на охридското езеро, со што се ограничува пристапот на граѓаните до самото езеро за сметка на мала група граѓани кои имаат единствена цел да профитираат.

ДЕМОКРАТИ бараат под итно да се отстранат дивоградбите и да се запре градењето на нови дивоградби и узурпирање на брегот на охридското езеро кои продолжуваат до денес. Но за жал ние сме свесни дека нема кој тоа да го направи.

Се додека се на власт СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициони приврзоци, се дотогаш Бисерот на Македонија и светот – охридското езеро ќе биде незаштитено и ќе се продолжи со уништувањето.

Затоа ДЕМОКРАТИ ги повикуваат граѓаните заеднички да ги запреме несовесните граѓани кои го уништуваат брегот на охридското езеро. На следните предвремени парламентарни избори да им кажеме СТОП на политичките манипуланти, профитери и криминалци од редовите на СДСМ, ДПМНЕ, ДУИ и нивните коалициони приврзоци кои со децении владееја и дозволуваа да се уништува Бисерот на Македонија и светот.

Прес тим на ДЕМОКРАТИ

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close