Останато

Демиркаписки млади ќе се натпреваруваат на Европско првенство во кајак на дива вода

Демиркаписки млади надежни кајакари репрезентативци, ќе се натпреваруваат на Европско првенство во кајак на дива вода, информираше денес за МИА, Дарко Илиевски, тренер на клубот за кајак и кану, „Просек“ од Демир Капија.

Демир Капија, 16 август 2021 (МИА) – Демиркаписки млади надежни кајакари репрезентативци, ќе се натпреваруваат на Европско првенство во кајак на дива вода, информираше денес за МИА, Дарко Илиевски, тренер на клубот за кајак и кану, „Просек“ од Демир Капија.

– Македонските репрезентативци Олгица Мелова и Давид Ристовски веќе неколку дена се во Нова Горица, Словенија. Тие се наоѓаат во кајак центарот во Солкан, на реката Соча. Двајцата се дел од ТИП програма за млади надежни кајакари. Тие сега тренираат со професионални тренери од Словенија. Целта е, да бидат што поподготвени за првенството во Нова Горица, нагласи Илиевски.

Тој верува дека демиркаписките кајакари ќе се претстават во најдобро светло и ќе дадат максимум од своите можности, за да остварат што подобар пласман во натпреварувањето.

Илиевски потсети дека Демир Капија е позната по долгогодишната кајакарска традиција и постигнати големи успеси во кајакарството.

На сево ова му претходеа резултати на натпреварувањето во Ниш и Ушќе, Србија.

На 28 и 29 август во Демир Капија ќе се одржи државно сениорско првенство во кајак на дива вода и отворено првенство на кое ќе се натпреваруваат домашни кајакари и кајакари од Србија. свд/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close