Оригинални текстови

Демант од МТСП за тврдењата на градоначалникот Трпковски во врска со новата градинка во Сопиште

Министерството за труд и социјална политика целосно ги демантира тврдењата на градоначалникот на Општина Сопиште Стефче Трпковски дека новата градинка, клон на ЈОУГД „Виножито“ е финансирана од ИПА Фондовите.

Скопје, 29 јули 2021 

Министерството за труд и социјална политика целосно ги демантира тврдењата на градоначалникот на Општина Сопиште Стефче Трпковски дека новата градинка, клон на ЈОУГД „Виножито“ е финансирана од ИПА Фондовите.
За жал градоначалникот Трпковски или не ги знае проектите во сопствената Општина или намерно и бескрупулозно ги лаже и манипулира граѓаните.
Изградбата и опремувањето  на детската градинка во Општина Сопиште се целосно финансирани од Министерството за труд и социјална политика. За таа намена Министерството од својот буџет одвои 20.545.000 денари.
Во декември 2019 година и самиот Трпковски, во името на Општина Сопиште, потпишал Договор за соработка со Министерството за труд и социјална политика.
Во интерес на вистината, но и со цел да го потсетиме градоначалникот Трпковски,  во прилог го доставуваме Договорот за соработка меѓу МТСП и Општина Сопиште за изградба на градинката, на која министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска направи увид во градежните работи.
Ниту Трпковски, ниту лажните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ не можат да го покријат фактот дека Владата предводена од СДСМ интензивно вложува во изградбата на детски градинки во целата држава. Само за изминативе 11 месеци отворивме 14 нови градинки, а до крајот на годината планираме отворање на уште 11 нови градинки.
Министерство за труд и социјална политика
_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close