0_Спорт.ПорталОригинални текстовиСпорт

Демант на АДСДП 

АД за изградба и стопанисување ги отфрла како неосновани тврдењата во одредени медиуми дека е направен пропуст во димензиите на рамката на еден од головите на Националната Арена  „Тодор Проески’’. Пред почетокот на овој натпревар, исто како и пред сите меѓународни натпревари делегат на УЕФА и судиите извршија проверка на целокупниот терен.По  детално извршената  проверка,  од нивна страна беше потврдено  дека  се задоволени  условите за одржување на  натпреварот. Димензиите на рамките на головите беа во рамки на УЕФА правилата, односно  делегатот на УЕФА и судиите констатираа дека се во рамки на дозволеното отстапување. По реакцијата на тренерот на Тотенхем, во интерес на натпреварот , висината  на двата гола веднаш беше   минимално корегирана.

Back to top button
Close
Close