Дописници МКДОпштински вести

ДЕМ ја поздравува одлуката на претседателот Пендаровски да не го потпише Законот за дивоградбите

Движењето на екологисти на Македонија ДЕМ вечерва ја поздрави одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише указот за прогласување на законот за дивоградби, изјави за МИА Сашка Коцевска, претседател на ДЕМ и потпретседател на ЕД „Вила Зора“ од Велес.

Велес, 14 мај 2021 (МИА) Движењето на екологисти на Македонија ДЕМ вечерва ја поздрави одлуката на претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише указот за прогласување на законот за дивоградби, изјави за МИА Сашка Коцевска, претседател на ДЕМ и потпретседател на ЕД „Вила Зора“ од Велес.

Во составот на ДЕМ, најстарата организација за еколошки организации во земјава, се 14 еколошки организации, меѓу кои и ЕД Вила Зора од Велес. Тие денеска преу е-меил упатија реакција и апел до претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува овој закон.

-Движењето на Екологистите на Македонија апелира да не го потпишете законот за дивоградби. ДЕМ смета дека усвојувањето на овој закон е скандалозно. Легализирањето на дивоградби во заштитени подрачја, како  национални паркови, природни резервати, споменици на природата,  подрачја на заштитено недвижно културно наследство, зони на извори на вода  за пиење  е нечовечки и нехуман однос кон сите оние граѓани кои се залагаат за  зачувување на културното наследство и убавините на оваа земја. Ваков закон праќа јасна порака кон узурпаторите на природните богатства дека можат слободно да градат без да имаат градежна дозвола. Незамисливо и недозволиво е да се подржи ваков закон кој не  прави  разлика кон граѓаните кои ги почитуваат законските прописи и оние кои градат каде што сакаат. Незамисливо и недозволиво е да се поддржи закон кој ги поништува законите за сите урбанистички планови, законите за заштитени подрачја, законите за национални паркови и огромен број на други закони, за кои се поставува   прашањето зошто воопшто се донесуваат, потенцираат од ДЕМ.

Според ДЕМ, објаснувањето  дека донесувањето на овој закон е за граѓаните од социјално ранливите катрегории да можат да ги легализираат своите живеалишта е ноторна лага.

-Овој закон им порачува на узурпаторите дека за своите постапки  ќе имаат  поволности наместо санкции, а од друга страна пак силно ги обесхрабрува и понижува граѓаните кои ги почитуваат законите во оваа држава. Затоа апел до Вас, почитуван претседателе, да не го потпишувате законот,  да надвладее здравиот разум и да им покажете на граѓаните дека сите се исти пред законот, порачаа од ДЕМ. ад/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close