БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Делумно почнаа со работа Основните судови во Грција

Само за одредени случаи, без присуство на странки и под силни заштитни мерки, денеска во Грција започнаа делумно да работат Основните граѓански судови и Основните судови, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 28 април 2020 (МИА) – Само за одредени случаи, без присуство на странки и под силни заштитни мерки, денеска во Грција започнаа делумно да работат Основните граѓански судови и Основните судови, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред влезот во судскиот комплекс, каде што се наоѓа Основниот суд во Атина, волонтери од Црвениот крст им ја мереа температурата на сите кои пристигнуваат, додека, пак, припадници на обезбедувањето се грижат за мерките и да се избегне  создавање гужва.

Основниот суд го посети и министерот за правда на Грција, Константинос Циарас кој изрази задоволство од придржувањето кон мерките. ср/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close