0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Делегација на Вооружените сили на БиХ во посета на Скопје

Во официјална посета на Република Северна Македонија и Армијата престојува делегација на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, предводена од началникот на Здружениот штаб, генерал-потполковник Сенад Машовиќ.

Скопје, 5 март 2020 (МИА) – Во официјална посета на Република Северна Македонија и Армијата престојува делегација на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, предводена од началникот на Здружениот штаб, генерал-потполковник Сенад Машовиќ.

Генералот Машовиќ денеска во Генералштабот и Министерството за одбрана ќе има средба со својот домаќин генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

За време на посетата, генералот Машовиќ, како што е најавено, ќе се сретне и со претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, а ќе ги посети Центарот за обука на пилоти, Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ и дел од армиските единици во касарната „Илинден“ во Скопје.цр/са/

 

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close