Дописници МКДОпштински вести

Делчевски советник донираше заштитни маски за населението од село Тработивиште

На иницијатива на советникот Николчо Ситновски денеска вкупно 300 заштитни маски добија жителите на село Тработивиште. Целта на ваквата иницијатива според Ситновски е заштита на населението од појавата на зараза од Ковид-19.

Делчево, 27 април 2020 (МИА) – На иницијатива на советникот Николчо Ситновски денеска вкупно 300 заштитни маски добија жителите на село Тработивиште. Целта на ваквата иницијатива според Ситновски е заштита на населението од појавата на зараза од Ковид-19.
-Како советник чувствувам обврска да им помогнам на жителите на Тработивиште од каде потекнувам, затоа што сметам дека заштитните маски можат да спречат појава на вирусот и во нашиот крај. Се надевам дека ова ќе биде пример за слични вакви акции и од останати хумани граѓани, рече Ситновски.
Тој упати благодарност до членовите на Локалниот клуб на СДММ кои ги дистрибуираа маските до домовите на жителите на Тработитивште.
По одлука на делчевскиот Совет, Ситновски заедно со останатите свои колеги се откажа и од паушалот за месеците април и мај, средства кои ќе бидат наменети за борбата против Ковид-19. вс/са/

Back to top button
Close
Close