Дописници МКД

Делчевската гимназија ќе добие енергетски-ефикасна фасада

Во средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“ почнаа градежните работи за реконструкција на екстериерот на старата училишна зграда и инсталација на енергетски ефикасна фасада. Градежните работи треба да завршат за 45 дена, а како што истакна директорот на делчевската гимназија, Љупчо Прачковски, со оваа инвестиција се очекува заштеда на енергија и до 30 отсто.

Делчево, 24 октомври 2018 (МИА) – Во средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“ почнаа градежните работи за реконструкција на екстериерот на старата училишна зграда и инсталација на енергетски ефикасна фасада. Градежните работи треба да завршат за 45 дена, а како што истакна директорот на делчевската гимназија, Љупчо Прачковски, со оваа инвестиција се очекува заштеда на енергија и до 30 отсто.
-Ова беше неопходна инвестиција што ќе ни обезбеди потопли училници и подобри услови за настава и заштеда на енергија која би се движела од 20-30 проценти. Инвестицијата е во вредност од 1,5 милиони денари, рече Прачковски.
Средствата се обезбедени од буџетот на училиштето и со поддршка од Општина Делчево.
Во гимназијата се подготвува и кабинет за изведување практична настава по хасап систем за потребите на хемиско-технолошката струка. Вредноста на проектот е 450.000 денари, а кабинетот ќе биде ставен во функција до нова година. вс/мч/

Таг
Back to top button
Close
Close