Дописници МКДОпштински вести

Делчевската деветолетка „Ванчо Прке“ доби 5,1 милион денари за изградба на енергетско ефикасна фасада

Делчевската деветолетка „Ванчо Прке“ доби 5,1 милион денари за изградба на енергетско ефикасна фасада на училиштето. Од училиштето информираа дека станува збор за значаен проект за изградба на енергетско-ефикасна фасада, која покрај тоа што ќе донесе нов лик на училиштето, ќе се заштеди и енергија.

Делчево, 15 јуни 2021 (МИА) – Делчевската деветолетка „Ванчо Прке“ доби 5,1 милион денари за изградба на енергетско ефикасна фасада на училиштето. Од училиштето информираа дека станува збор за значаен проект за изградба на енергетско-ефикасна фасада, која покрај тоа што ќе донесе нов лик на училиштето, ќе се заштеди и енергија.

-Средствата се обезбедени од Владата преку договорот со ТАВ. Фасадата на училиштето не е реконструирана од неговото отворање во 1972, а изградбата на енергетско-ефикасна фасада е приоритетен проект за нашето училиште и значи нов лик на зградата, но и заштеда на енергија и на повеќе средства во буџетот на училиштето кое сега ги троши за затоплување, истакнаа од училиштето.
Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој денеска на официјална свеченост организирана од Владата го потпиша договорот, посочи дека динамиката на реализација на проектот е уредена со овој договор, и најави дека градежните работи ќе започнат наскоро.
зразувам голема благодарност до Владата што го прифатија нашиот проект и ни овозможија негова реализација. Средствата за реконструкција на фасадата на училиштето се обезбедени од пренамена на средства за изградба на карго- аеродромот во Штип, а врз основа на анализа за проценка на економска оправданост. Станува збор за вкупно средства во висина од 49 милиони евра распределени за реализација на 97 проекти на ниво на држава, додаде Трајковски.
Во првата фаза, како што дополнија од Општината, се подржани 23 проекти, а меѓу нив и проектот за изградба на енергетски-ефикасна фасада во делчевската деветолетка „Ванчо Прке”. вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close