Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Делчевската библиотека ги додели наградите за читатели на годината

Ефтим Николов од Делчево започнал да чита книги од времето додека учел гимназија во 1961 година и продолжил до денес. Чита секаква литература, од трилери, љубовни романи до историски наслови.

Делчево, 23 април 2021 (МИА) – Ефтим Николов од Делчево започнал да чита книги од времето додека учел гимназија во 1961 година и продолжил до денес. Чита секаква литература, од трилери, љубовни романи до историски наслови. Списокот на прочитани книги кој го прави од 2015 година му помага секогаш да чита нови наслови. Во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право,  Николов и годинава се стекна со наградата за читател на годината
-Јас сум диплимиран инженер, бев инспектор 35 години, а со книгата другарувам повеќе од 60 години. Сега во време на пандемија, бидејки поретко излегувам, уште повеќе другарувам со книгата. Од 2015 година во мојата тетратка почнав да забележувам кои книги сум ги прочитал, а отприлика читам 40 до 50 наслови годишно. Во оваа прилика се заблагодарам на вработените во библиотеката кои секогаш ми излегуваат во пресрет во изборот на книгите, на младите да им порачам да читаат и учат, бидејќи во тоа е иднината, вели наградениот Николов.
Директорката на библиотеката Билјана Петровска, додаде дека Николов е вистински пример за младите генерации. Освен тој, како што додаде Петровска, награди добија уште двајца читатели.
-Честитки до Ефтим Николов кој навистина е читател кој ја заслужи повторно оваа награда. Станува збор за грижлив читател кој редовно ги враќа книгите, никогаш не реагира ако не може да дојде до одреден наслов. Ефтим Николов е одличен пример дека кога сакаме да читаме, ниту времето ниту годините можат да не спречат. Воедно, честитки и до Валентина Брндевска и Кристијан Стојковски кои изминатата година беа меѓу најактивните читатели, истакна Петровска.
Изрази надеж дека и понатаму ќе бидат редовни читатели во библиотеката.
Покрај овој настан во чест на Светскиот ден на книгата и авторското право Јавната библиотека „Илинден“ организираше и мини-саем на книги. вс/вг/

Back to top button
Close
Close