Дописници МКДОпштински вести

Делчево со најмногу заболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион

Со 80 активни случаи Делчево останува град со најмногу заболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион. Денес во општината се регистирани три нови случаи, со што од почетокот на пандемијата заедно со Македонска Каменица ова е 111 позитивен случај на коронавирус. 

Делчево, 9 септември 2020 (МИА) – Со 80 активни случаи Делчево останува град со најмногу заболени од Ковид-19 во Пијанечко-малешевскиот регион. Денес во општината се регистирани три нови случаи, со што од почетокот на пандемијата заедно со Македонска Каменица ова е 111 позитивен случај на коронавирус.

-Досега од почетокот на пандемијата има и 27 случаи во Македонска Каменица. Останатите се пациенти од Делчево. Меѓу нив има и тројца починати. Повеќето од новите случаи од изминатите неколку дена се од семејни кластери без симптоми, но има и пациенти кои се хоспитализирани надвор од нашата установа, информираат од делчевскиот здравствен дом.

Апелираат на понатамошно почитување на мерките за заштита од вирусот, со цел спречување на негово ширење.

Денес во општините од Пијанечко-малешевскиот регион има еден позитивен случај во Берово, каде исто така има и еден оздравен пациент. Во општините Берово и Пехчево заклучно со денешниот ден има 61 позитивен случај на Ковид-19. вс/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close