Дописници МКДОпштински вести

Делчево единствена општина во Пијанечко-малешевскиот регион со новозаболени од Ковид-19

Делчево е единствената општина во Пијанечко-малешевскиот регион каде денеска се регистрирани новозаболени од Ковид-19. По лошата статистика која преовладуваше во оваа општина кога се во прашање новозаболените од коронавирус, денеска има само два нови позитивни случаи со Ковид-19.

Делчево, 12 септември 2020 (МИА) – Делчево е единствената општина во Пијанечко-малешевскиот регион каде денеска се регистрирани новозаболени од Ковид-19. По лошата статистика која преовладуваше во оваа општина кога се во прашање новозаболените од коронавирус, денеска има само два нови позитивни случаи со Ковид-19.

-За среќа денеска имаме и пет оздравени од претходните случаи, што е радосна вест, бидејки со тоа се намалува бројот на активни случаи. Во моментот заедно со општина М.Каменица со која заеднички ги водиме случаите, имаме 82 активни случаи, информираа од делчевскиот здравствен дом.
Оттаму посочија дека тестирањата на лицата кои имале контакт со позитивните лица ќе продолжи.
Во Делчево досега од почетокот на пандемијата починаа три лица како резултат на присуство на Ковид-19.
Во соседните општини од регионот каде денеска нема нови заболени, регистирирани се двајца оздравени пациенти во Пехчево.вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close