Дописници МКДОпштински вести

Делчево ќе ја одбележи годишнината од раѓањето на патронот Гоце Делчев со почитување на заштитни мерки

Одбележувањето на 149 години од раѓањето на великанот и патронот на Делчево, Гоце Делчев, Општина Делчево ќе го одбележи со помал број на посетители поради ковид-пандемијата.

Делчево, 3 февруари 2021 (МИА) – Одбележувањето на 149 години од раѓањето на великанот и патронот на Делчево, Гоце Делчев, Општина Делчево ќе го одбележи со помал број на посетители поради ковид-пандемијата. Одбележувањето на значајниот датум за македонската историја, како што информираа од општината е закажан за утре, (четврток) 4 февруари 2021 во 10 часот, пред споменикот на револуционерот Делчев во центарот на градот.

-По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани да присуствуваат на настанот и да положат цвеќе пред споменикот на Делчев, истакнаа од Општината.
Одбележувањето на значајниот датум за градот Делчево, како што додадоа ќе се реализира со почитување на актуелните препораки за заштита од болеста Ковид -19.
-Поради ова присутните е задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од 2 метри за време на настанот, додадоа од Општина Делчево.
На одбележувањето на 149. годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев,  нема да присуствува градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој е позитивен на Ковид-19 вирусот.
За утре во Делчево е планирана и празнична крводарителска акција, која со почитување на мерките за заштита со почеток во 10 часот ќе се одржи во просториите на Општинската организација на Црвен крст – Делчево. вс/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close