Дописници МКДОпштински вести

Делчево домаќин на филмски фестивал за кратки филмови

Делчево ќе биде домаќин на филмскиот фестивал за лансирање кратки филмови „Култ Шортс“. Како што информира Димитар Јангеловски, кој е дел од организацискиот тим, идејата за фестивалот потекнува од поголем број ентузијасти, меѓу кои и Андреј Илиевски, режисерот на краткиот филм „Коливо“, во кој глумеше познатата македонска актерка Лабина Митевска и кој освои голем број награди на реномирани фестивали ширум светот.

Делчево, 6 февруари 2021 (МИА) – Делчево ќе биде домаќин на филмскиот фестивал за лансирање кратки филмови „Култ Шортс“. Како што информира Димитар Јангеловски, кој е дел од организацискиот тим, идејата за фестивалот потекнува од поголем број ентузијасти, меѓу кои и Андреј Илиевски, режисерот на краткиот филм „Коливо“, во кој глумеше познатата македонска актерка Лабина Митевска и кој освои голем број награди на реномирани фестивали ширум светот.

– Ова е иницијатива што ја покренавме заедно со моите најмили пријатели и колеги Андреј Илиевски, Невелин Валчев и Елена Героска. Чувствувавме дека кратките филмови, во кои режисерите вложуваат толку многу љубов и напорна работа, заслужуваат повеќе од една сезона на фестивалски проекции, тие заслужуваат да имаат дом, во кој луѓето од целиот свет ќе можат да уживаат, да споделуваат, коментираат, но и да научат за нивните автори, истакна Јангеловски.

Како дел од реализација на идејата за фестивалот, како што додаде Јангеловски, изготвена е веб-платформа, на која е објавен трејлер за првиот филм „Брак“, кој ќе биде дел од фестивалот.

– Оваа авантура ја започнуваме со „Брак“ (Whole), трогателен, поетски и смел филм на режисерката Слава Дојчева. Филмот е избран на официјален натпревар кој се натпреварува за наградата на годината, што ќе биде доделена за време на фестивалската манифестација во Делчево, во септември 2021 година, додаде Јангеловски.

Организаторите очекуваат голем интерес за фестивалот, а воедно на публиката и порачаа да ја посети веб-платформата Култ Шортс (Cult Shorts), на која ќе се запознаат со повеќе детали за сите актиности поврзани со фестивалот. вс/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close