Дописници МКДОпштински вести

Делчево дел од рутата на 29-тото Мото-рели по повод Денот на независноста – 8 Септември

Над 200 моторџии од повеќе клубови во Македонија денес ги окупираа патиштата во Источна Македонија, каде реализираа дел од рутата во рамки на 29-тото Мото рели. На една од своите попатни станици во Делчево, организаторите информираа дека релито се организира по повод Денот на независноста на Македонија - 8 Септември.

Делчево, 4 септември 2020 (МИА) – Над 200 моторџии од повеќе клубови во Македонија денес ги окупираа патиштата во Источна Македонија, каде реализираа дел од рутата во рамки на 29-тото Мото рели. На една од своите попатни станици во Делчево, организаторите информираа дека релито се организира по повод Денот на независноста на Македонија – 8 Септември.

– Јас возам Јамаха веќе 15 години, редовно учествувам на Мото релито. Напата посета на Делчево се должи на самата Рутата на годинешното 29-тото која годинава минува низ Делчево, Берово, Струмица, Дојран. Секоja година има се повеќе и повеќе учесници. Годинава имаме околу 200 учесници, истакна еден од учесниците.

Меѓу учесниците имаше моторџии од речиси сите градови во Македонија.

-Јас сум до Куманово, редовно учествувам на настанот. Од Делчево се упатуваме кон Дојран. Можам да кажам дека дружбата е одлична, времето е добро, така што ме радува тоа што и годинава се собравме во толку голем број, додаде кумановскиот моторџија.

Организаторите додадоа дека со вкупно 15 клубови во рамки на годинешното Мото рели Македонија најмногу учесници има од Скопје Настанот кој е во организација на Мото федерацијата на Македонија е предвидено да заврши на 6 септември 2020 година. вс/оџ/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close