Дописници МКДОпштински вести

Делчевчани подарија 48 крвни единици на денешната крводарителска акција

Успешно спроведена редовната крводарителска акција за месец јули во Делчево. Денес, како што информираа од делчевскиот Црвен крст, хуманите граѓани ја надминаа очекуваната бројка, при што делчевчани подариле 48 крвни единици.

Делчево, 2 јули 2020 (МИА) – Успешно спроведена редовната крводарителска акција за месец јули во Делчево. Денес, како што информираа од делчевскиот Црвен крст, хуманите граѓани ја надминаа очекуваната бројка, при што делчевчани подариле 48 крвни единици.

– Акцијата која ја организираше Општинската организација на Црвен крст, може да ја окарактеризираме како успешна, бидејќи очекувавме од 30 до 40 крвни единици, но и покрај топлото време на наше изненадување и задоволство собравме безмалку 50 крвни единици, за што искрено им се заблагодаруваме на крводарителите, истакнаа од Црвен крст Делчево.

Акцијата како што додадоа, се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје и Одделението за трансфузиологија при Јавната здравствена установа „Гоце Делчев“ од Делчево.

За време на реализирањето на крводарителската акција беа почитувани сите мерки и препораки за заштита од вирусот Ковид-19. вс/ир

Back to top button
Close
Close