0_Спорт.ПорталТенис

Дел Потро и официјално објави дека го пропушта Австралија опен

Сепак, тој не е целосно оздравен по операцијата на коленото, која му беше извршена поради кршеница во капачето во јуни 2019 година на турнирот на трева во Квинс. Ова е петто откажување на Дел Потро да учествува во Мелбурн во последните шест години. Во кариерата, вкупно тој пропушти 18 Гренд слем турнири поради повреди.

Мелбурн, 11 јануари 2020 (МИА) – Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро и официјално објави дека ќе го пропушти првиот Гренд-слем турнир во годината – Австралија опен во Мелбурн. Веста се очекуваше, иако Дел Потро до последно имаше надежи.

Сепак, тој не е целосно оздравен по операцијата на коленото, која му беше извршена поради кршеница во капачето во јуни 2019 година на турнирот на трева во Квинс. Ова е петто откажување на Дел Потро да учествува во Мелбурн во последните шест години. Во кариерата, вкупно тој пропушти 18 Гренд слем турнири поради повреди.

Победникот на УС Опен во 2009 година откаѓа да присуствува на турнирите во Виена и Стокхолм на крајот на 2019 година и се чини дека неговото враќање на терените ќе се пролонгира.

Таг
Back to top button
Close
Close