Општински вестиСервисни информацииСкопје

Дел од жителите на Кисела Вода утре и задутре без струја

Поради повремени прекини во делот на индустриската зона Пинтија, без електрична енергија утре и задутре ќе останат дел од жителите од општината Кисела Вода.

Скопје, 21 август 2020 (МИА) – Поради повремени прекини во делот на индустриската зона Пинтија, без електрична енергија утре и задутре ќе останат дел од жителите од општината Кисела Вода.

Како што информираат од РЦУК-Скопје, без струја утре и задутре ќе бидат жителите од делот од семафорите во населба Пинтија до влезот на Драчево, а прекинот ќе трае од 08.00 до 17.00 часот.

Во понеделник, 24 август, од 08.30 до 15.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од викенд населба Орешани во општина Зелениково.

Од 11.00 до 14.00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Шар Планина“ од бр. 1 до бр. 30, „Пекљане“ од бр. 1 до бр. 30, и „Бертранд Расел“ од бр. 1 до бр. 30 во општината Ѓорче Петров. бт/ац/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close