Дописници МКДОпштински вести

Дел од печалбарите се вратија во Кичево

Дел од печалбарите, пред се од Швајцарија, искористија десетина дена одмор со своите најблиски во родниот крај за да го прослават верскиот празник Рамазан бајрам.

Кичево, 14 мај 2021 (МИА) – Дел од печалбарите, пред се од Швајцарија, искористија десетина дена одмор со своите најблиски во родниот крај за да го прослават верскиот празник Рамазан бајрам.

Според интензитетот на сообраќајот во градот и според регистерските ознаки на автомобилите, може да се забележи дека печалбарите од кичевскиот регион во завидна бројка се вратија во земјава.

-Луѓето што работат и живеат во Швајцарија без дополнителен карантин можат на одмор да заминат надвор од земјата каде што работат, тоа го искористија нашите гастарбајтери, дома да поминат десетина дена одмор и во тој период да се вратат во земјава и со своите роднини и пријатели да го прослават големиот верски празник Рамазан бајрам. Така и мои блиски роднини деновиве престојуваат во земјава и како што планираат до вторник треба да се вратат во Швајцарија. Нивниот престој ќе беше и подолг, ако не планираа во текот на месеците јули и август да поминат подолг период на годишен одмор во земјава, вели Неби Беќири, жител на Кичево.

Тој појасни дека и помалото присуство на печалбарите во земјава придонело бројот на гостите во локалите и кафулињата да биде поголемо, како и прометот во маркетите каде се снабдуваат со секакви намирници, неопходни за десетдневниот престој.

– Најголемиот бран на гастарбајтери во земјава е присутен во периодот од 15 јули до 15 август. Минатата година поради состојбите со коронавирусот, во земјава пристигнаа во далеку помал број, летово се очекува нивната бројност да биде далеку поголема и бројот на свадби се очекува да биде далеку поголем, се разбира ако се стабилизира состојбата со пандемијата, додава Бекири. за/мд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close