Општински вестиСкопје

Дел од Општина Карпош утре без вода

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Козле“, „Кораб“, „Струшка“, „Мокра“ и дел од „Јуриј Гагарин“. 

Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Козле“, „Кораб“, „Струшка“, „Мокра“ и дел од „Јуриј Гагарин“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улицата „Козле“ 132.

Поради потребите за санација ќе биде исклучена пумпената станица во Жданец, со што ќе се намали притисокот на вода во населбите Жданец, Трнодол и Нерези.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато се до завршување со активностите. мд/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close