0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидеоДописници МКДОпштество

Дел од куќите во Балабанско Маало изгорени, зафатени и куќи во Курјачко Маало

Пожарот се гасне теренски, а вклучен е и еден хеликоптер, кој интервенира во делот меѓу Балабанско Маало, Курјачко Маало и Тработивиште.

Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Дел од куќите во Балабанско Маало се изгорени, а зафатени се и куќи во Курјачко Маало во пожарот што го зафати делчевскиот крај. Се евакуираат жителите и покуќнината.

Според изјави на жителите, не може да се влезе во маалото бидејќи тоа е целото зафатено од пожарот.

Пожарот се гасне теренски, а вклучен е и еден хеликоптер кој интервенира во делот меѓу Балабанско Маало, Курјачко Маало и Тработивиште.

Во моментот дува силен ветер, кој го отежнува гаснењето на пожарот. вс/бак/

Back to top button
Close
Close