0_Македонија.ПорталХроникаХроника.Портал

Дедо тешко повредил внук при паркирање во сопствениот двор

Петгодишно дете е тешко повредено додека неговиот дедо паркирал патничко возило во дворот на куќата, соопшти МВР. Несреќата се случила вчера, во тетосвкото село Селце, а е пријавена попладнето во 16:40 часот.

Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) – Петгодишно дете е тешко повредено додека неговиот дедо паркирал патничко возило во дворот на куќата, соопшти МВР.

Несреќата се случила вчера, во тетовското село Селце, а е пријавена попладнето во 16:40 часот.

Детето е пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на незгодата од екипа на СВР Тетово. мч/сп/

Back to top button
Close
Close