Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Децата бегалци без придружба од Лезбос префрлени во Солун

По големиот пожар во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, децата бегалци без придружба кои беа сместени во прифатниот центар, со три различни летови пристигнаа во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 10 септември 2020 (МИА) – По големиот пожар во бегалскиот камп Мориа на Лезбос, децата бегалци без придружба кои беа сместени во прифатниот центар, со три различни летови пристигнаа во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката Влада вчера најавија дека згрижувањето и заштитата на децата е главниот приоритет.

Со директен лет од Лезбос, синоќа пристигна првата група со 165 деца бегалци без придружба, додека, пак, утрово заврши процедурата на пренесување вкупно 408 деца.

Како што вчера соопшти претседателот на Националната организација за јавно здравје Панајотис Аркуманеас, сите деца пред заминувањето од Лезбос беа тестирани за Ковид-19.

Процесот на префрлање на децата бегалци без придружба го организираше Меѓународната организација за миграција во соработка со грчката Влада, а со финансиска помош од Европската Комисија. ср/

Таг
Back to top button
Close
Close