Дописници МКДОпштински вести

Дебранец лишен од слобода поради агресивно однесување кон полициски службеници

Дебранец вчера попладне е лишен од слобода поради агресивно однесување кон полициски службеници кои биле на должност.

Дебар, 15 април 2021 (МИА) – Дебранец вчера попладне е лишен од слобода поради агресивно однесување кон полициски службеници кои биле на должност.

– Вчера околу 16 часот, полициски службеници од полициската станица Дебар, го лишија од слобода Ш.М.(38) од Дебар кој, претходно агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службена дејност. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, изјави Стефан Димоски портпарол на секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој информираше и околу почитувањето на мерките за спречување на ширењето на заразата со опасниот вирус.

– Според статистичките податоци на ОВР Дебар, во изминатото деноноќие, на подрачјето на оваа и општина Центар Жупа, полициските службеници констатирале 7 прекршоци за неносење лична заштита на лицето или овој месец вкупно 87. Издадени се исто толку прекршочни платни налози, посочува тој.

Што се однесува до прекршувањата на полицискиот час во последното деноноќе не е регстриран ваков прекршок, додека од воведувањето на оваа мерка 11 лица не го почитувале ограниченото движење и за дел од нив веќе се поднесени кривични пријави. вт/цр

Таг
Back to top button
Close
Close