0_Web_АктуелноГраѓански сектор

Дебата за регрантирање на граѓанските организации

Дебата  на тема „Регрантирање - искуства, научени лекции, перспективи и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) . 

Скопје, 30 ноември 2018 (МИА) –  Дебата  на тема „Регрантирање – искуства, научени лекции, перспективи и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) .

Панлисти од Македонија и регионот ќе пренесат  искуства,  ќе говорат за перспективите и предизвиците на регрантирањето и ќе изнесат предлози за подобрување на овој механизам. Тие ќе дебатираат за влијанието на регрантирањето, пред се од ЕУ фондовите врз помалите граѓански организации, дали и колку се придонесува кон решавање локални проблеми, дали организациите делуват отчетно и транспарентно при користењето на средствата од ЕУ и дали тие средства се доделени на транспрантен начин.

Дебатата ќе ја отворат Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје и Емина Нурединоска, раководител на одделението за граѓанско општество во Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Граѓанскиот ресурсен центар е дел од програмата Национален ресурсен центар за граѓанските организации, што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка, со поддршка од Европската Унија.лв/ев/

Back to top button
Close
Close