0_Македонија.ПорталДописници МКД

Дебата на Правен факултет во Битола – „Членството во НАТО како гаранција за сигурна иднина на младите”

Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола одржа дебата на тема „Членството во НАТО како гаранција за сигурна иднина на младите“.

Битола, 2 декември 2019 (МИА)Правниот факултет при Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола одржа дебата на тема „Членството во НАТО како гаранција за сигурна иднина на младите“.

Пред академскиот аудиториум во Битола, проректорот на УКЛО, професорот д-р Марјан Ѓуровски истакна дека НАТО е предворје за ЕУ, цивилизациска придобивка, чест и привилегија, но и обврска.

Членството во НАТО ќе го означи крајот на повеќедецениската македонска транзиција. Целосната интеграција  во НАТО ќе ја зајакне безбедноста и суверенитетот на Република Северна Македонија. Членството во Алијансата е придобивка, но и обврска. Најважно е Република Северна Македонија да продолжи на својот пат кон реформите за одбранбената адаптација, за домашните реформи, особено владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата и другите превземни обврски на исполнување на стандардите во Армијата и подобрување на професионалниот и животен стандард на вработените во Армијата. Членството во НАТО не е крај на патувањето за Република Северна Македонија, туку почеток на нов маратон за Европската Унија, нагласи Ѓуровски.

На дебатата во Битола, проректорот Ѓуровски посочи дека членството во НАТО може да овозможи справување со заканите посебно од трети земји.

Развојот на капацитетите и размената на информациите овозможува справување со заканите. Државите од Западен Балкан покрај заеднички проблеми имаат заеднички интереси и затоа, рече Ѓуровски, не треба да се дозволи статус-кво состојба на Балканот, бидејќи ќе создаде можност трети земји да остварат влијание во регионот.

Академскиот настан во Битола се одржа со цел студентите да бидат запознати со придобивките од евроатлантските интеграции и зачленувањето на Република Северна Македонија во НАТО. мт/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close