0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Дебата „Младите и европските вредности“

Дебата на тема „Младите и европските вредности“ организира денеска во Скопје Коалицијата на младински организации.

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Дебата на тема „Младите и европските вредности“ организира денеска во Скопје Коалицијата на младински организации.

Целта е да се отвори поширока дебата за актуелните трендови кај младите во поглед на примената на европските вредности, наспроти влијанието и улогата на различните институции и граѓански организации врз градењето на тие вредности согласно со европските стандарди и практики.

Најавени се обраќања на директорите на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и на националната Агенција за европски образовни програмии мобилност Лидија Димова, советникот за млади и спорт во Владата Ѓорги Тасев, а ќе учествуават 40 претставници на училишта, граѓански организации и институции.

Панел дискусијата се организира во рамки на проектот „Младите и европските вредности“ на Коалиција СЕГА, финансиски поддржан од Генерален Секретаријат на Владата,преку Програмата за финансиска поддршка на здруженија и фондации.лв/са/

Back to top button
Close
Close