ОпштествоОпштински вестиСкопје

Дебата „Колку локалните младински политики беа во фокус на градоначалниците?“

Во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој од Скопје денеска ќе се одржи јавната расправа „Од ветено до реализирано? Колку локалните младински политики беа во фокус на градоначалниците?“ .

Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) – Во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој од Скопје денеска ќе се одржи јавната расправа „Од ветено до реализирано? Колку локалните младински политики беа во фокус на градоначалниците?“ .

Од Здружението информираат дека на јавната расправа ќе учествуваат Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Стефан Богоев, градоначалник на Општина Карпош и Иван Јованов, експерт за младинска политика.

Фокусот на јавната расправа, посочуваат од Здружението, ќе бидат клучни ветувања за младите од програмите на кандидатите, креирани за локалните избори во 2017 година, како и моменталните младински потреби и трендови.

„Од ветено, до реализирано: Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците?“ е организиран во рамки на проектот на Швајцарската агенција за разој и соработка (СДЦ) со наслов „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“, спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Национален младински совет на Македонија (НМСМ).фф/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close